Достоинствениот филмофил знае да прости грешки и да продолжи да гледа, особено ако за одреден филм препораката е, на пример, проверено режисерско име. Но, во моментот кога ќе сфати дека односниот филм почнува да пука по шевовите, да се распаѓа, а тоа може да се случи и веќе после десетина одгледани минути, демонстративно станува и ја напушта кино салата или кликнува „X“ на VLC media player-от. Филмското време, особено денес, е драгоцено, и филмофилот не го троши на лоши филмови.
Но, постојат актери кои кај нас оставиле доволно кредити за да им прогледаме низ прсти за прифатените улоги во лоши филмови. И за кои сме спремни да одгледаме филм само поради тоа што тие играат во него. Секако, на листата што следи се актери кои ретко прифаќаат да играат било што; па и тогаш кога подолго време се под притисок да снимат нешто за да се одржат на пазарот.

Joaquin Phoenix

Joaquin Phoenix во „The Master“

Кога некој не би го знаел како актер, а би го гледал „To Die For“ (1995) на Gus Van Sant, би помислил дека режисерот за улогата (Jimmy Emmett) што ја игра Joaquin Phoenix ангажирал натуршчик со ретардација, податлив за вистински да го излуди психопатката Suzanne Stone (Nicole Kidman). Моќта на трансформација му е неверојатна – незаборавен е неговиот танц во куќата на Suzanne Stone, на кој, ако не се сеќавате, можете да се потсетите овде.
Кредитите кај нас Phoenix ги заработи и играјќи го Johnny Cash во „Walk the Line“ (2005) на James Mangold; Freddie Quell во „The Master“ (2012) на Paul Thomas Anderson; Theodore во „Her“ (2013) на Spike Jonze …

Javier Bardem

Javier Bardem како Anton Chigurh

Anton Chigurh е гласник на смртта на кој живо ќе се сети секој што го гледал „No Country for Old Men“ (2007) на Ethan и Joel Coen. Тој е професионален убиец чиј „трејд-марк“ се пневматски пиштол за убивање стока, фризурата, гримасите, говорот, … сѐ подредено на совршена персонификација на смртта.
Како главен негативец не помалку застрашувачки уверлив е и во „Skyfall“ (2012 James Bond) на Sam Mendes, каде го игра Raoul Silva, а ќе ги издвоиме и врвните перформанси на Bardem во „Biutiful“ (2010) на Alejandro G. Iñárritu, во „The Sea Inside“ (2004) на Alejandro Amenábar, во „Live Flesh“ (1997) на Pedro Almodóvar, во „Jamón, Jamón“ (1992) на Bigas Luna …

Mads Mikkelsen

Mads Mikkelsen како Dr. Hannibal Lecter

За тоа како го донел Dr. Hannibal Lecter во ТВ-серијата можете да прочитате и овде. Нѐ освоил играјќи го „едноокиот“ во „Valhalla Rising“ (2009) на Nicolas Winding Refn; Elias во „Men & Chicken“ (2015) на Anders Thomas Jensen; жртвата на малограѓанската хистерија во „The Hunt“ (2012) на Thomas Vinterberg …

Christoph Waltz

Christoph Waltz како Hans Landa

Кредити што не може да се потрошат си создаде донесувајќи го Hans Landa во „Inglourious Basterds“ (2009) на Quentin Tarantino. Како и Bardem и Mikkelsen (Le Chiffre во „Casino Royale“ (2006)), Waltz беше противник на James Bond (Blofeld) во „Spectre“ (2015) на Sam Mendes. Ќе го споменеме уште како Dr. King Schultz во „Django Unchained“ (2012) на Quentin Tarantino; и со улогите во „Carnage“ (2011) на Roman Polanski и во „The Zero Theorem“ (2013) на Terry Gilliam.

Matthew McConaughey

Matthew McConaughey во „Dallas Buyers Club“

За улогите во „Dallas Buyers Club“ (2013) на Jean-Marc Vallée; во „Killer Joe“ (2011) на William Friedkin; во „Mud“ (2012) на Jeff Nichols; во „The Wolf of Wall Street“ (2013) на Martin Scorsese; во првата сезона на ТВ-серијата „True Detective“ …

Sean Penn

Sean Penn како Cheyenne

Обидете се само да најдете улога што не би можел да ја одигра. И сетете се на Cheyenne во „This Must Be the Place“ (2011) на Paolo Sorrentino; на Harvey во „Milk“ (2008) на Gus Van Sant; на Sam во „I Am Sam“ (2001) на Jessie Nelson …

Robert Downey Jr.

Robert Downey Jr. како Sherlock

За донесувањето на Sherlock Holmes во филмовите на Guy Ritchie за детективот осмислен од Arthur Conan Doyle, како и за „A Scanner Darkly“ (2006) на Richard Linklater; за „Kiss Kiss Bang Bang“ (2005) на Shane Black …

Bryan Cranston

Bryan Cranston е Heisenberg

Повеќе од доволно е да се спомене како Walter White под алијасот Heisenberg во ТВ-серијата „Breaking Bad“ на Vince Gilligan, за под неговото име да се отвори непотрошлива ризница од кредити што би оделе за гледање лоши филмови во кои би прифатил да игра.

Jude Law

Jude Low како папа Пиј XIII

За комплексниот лик на папата во ТВ-серијата „The Young Pope“, односно во длабоката визија на Paolo Sorrentino за тоа како католичката црква да стане тоа што треба да биде. Потоа за улогите во „Enemy at the Gates“ (2001) на Jean-Jacques Annaud; во „The Talented Mr. Ripley“ (1999) на Anthony Minghella; во „My Blueberry Nights“ (2007) на Kar-Wai Wong; во „Side Effects“ (2013) на Steven Soderbergh …

Benedict Cumberbatch

Benedict Cumberbatch во, и како Patrick Melrose

Последно нѐ задолжи со ликот што го одигра во истоимената ТВ-серија „Patrick Melrose“, а „го откривме“ во „Sherlock“ (исто така, ТВ-серијата).

Daniel Day-Lewis

Daniel Day-Lewis во „Phantom Thread“

Бард. Неодамна го проследивме со длабок поклон во „Phantom Thread“ (2017) на Paul Thomas Anderson. Иако сѐ што одиграл е „мастерпис“, по нешто од неговиот актерски опус и ќе наброиме, како „There Will Be Blood“ (2007), од претходно споменатиот режисер; „Gangs of New York“ (2002) на Martin Scorsese; „The Age of Innocence“ (1993), одново на Scorsese; „The Unbearable Lightness of Being“ (1988) на Philip Kaufman …

Tom Hardy

Tom Hardy како James Delaney

За улогите John Fitzgerald во „The Revenant“ (2015) на Alejandro G. Iñárritu; Bane во „The Dark Knight Rises“ (2012) на Christopher Nolan; Locke во „Locke“ (2013) на Steven Knight; Charles Bronson во „Bronson“ (2008) на Nicolas Winding Refn; James Delaney во ТВ-серијата „Taboo“ …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here