Деновиве, конкретно на 28 септември, Iggy Pop во неговата емисија на BBC Radio 6 Music, „Iggy Confidential“, пушти ексклузива – досега нечуена верзија на песната „Bang Bang“ на David Bowie. Овој музички деликатес можете да го слушнете овде – почнува на 1:38:31, а пред тоа е најавата на Iggy Pop.

Оригиналната „Bang Bang“ е напишана од Iggy Pop (и Ivan Kral) и е дел од неговиот албум „Party“ (1981), а преработката на David Bowie е објавена на „Never Let Me Down“ (1987).

Pop/Bowie

Новата продукција на песната е на Mario J. McNulty, а инструментацијата на соработниците на Bowie – Reeves Gabrels и David Torn – гитари, Sterling Campbell – тапани, Tim Lefebvre – бас гитара. Аранжманот за гудачките инструменти е на современиот класичен композитор и аранжер Nico Muhly, кој заедно со McNulty работел и за Philip Glass.

Сосем нова продукција има и целиот албум од 1987 на кој е содржана „Bang Bang“, („Never Let Me Down“), кој како таков ќе биде дел од новиот, четвртиот од box set-овите (на Parlophone Records) со кои се покрива целата кариера на Bowie од 1969 година.

Бокс-сетот „Loving The Alien“ излегува месецов на 12-ти, и ќе ја опфати музиката на Bowie од 1983-1988. Првиот од овие бокс-сетови, „Five Years (1969–1973)“ излезе неколку месеци пред смртта на David Bowie, па во септември 2016 се појави вториот, „Who Can I Be Now? (1974–1976)“, а година подоцна и третиот, „A New Career in a New Town (1977–1982)“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here