Според поговорката, „ако не можеш да ги победиш, придружи им се“, Римокатоличката црква во својата мисија, конкретно за привлекување на вниманието на младите, ќе ги користи мобилните телефони, со нивното влијание како медиум за генерацијата што ги наследи „милениумците“.

Имајќи ја предвид популарноста на мобилната игра Pokémon Go, римокатоличката група за евангелизација од Флорида, САД, Fundación Ramón Pané, ја развила Follow JC Go (јасно: JC се однесува на Jesus Christ).

Во оваа игра, наместо да ловат чудовишта (како што е во Pokémon Go: Pokémon=Pocket Monsters; џепни чудовишта), младите римокатолици додека шетаат низ град ќе колекционираат светители и други важни, библиски ликови.

Знаете, папата Франциск не е многу по технологијата, но тој е воодушевен, ја разбра идејата – што ние се обидуваме да постигнеме комбинирајќи ја технологијата со евангелизацијата“, изјавил извршниот директор на Фондацијата Ramón Pané, Ricardo Grzona.

Борбените елементи од Pokémon Go, во Follow JC Go се заменети со филозофски прашања што играчите треба да ги одговорат кога ќе сретнат римокатолички светители во збогатената реалност на играта (Pokémon Go е augmented reality (AR) игра). За да биде вистински римокатолички „аџилак“, играта ги потсетува играчите да влезат и да се помолат ако поминат покрај црква, наградувајќи го со „level-up“ духовниот напредок.

На Follow JC Go, достапна и за Android и за iOS уреди, покрај инженерско-дизајнерскиот тим, секако работеле и теолози, библиски експерти. Споменатиот Grzona смета дека „во време на смартфони, играта Follow JC Go е идеален начин да се прошири пораката на верата меѓу помладата популација“. А наша препорака е, доколку ве интригираат филозофско-теолошки прашања, и сакате да видите една длабока и веродостојна визија за тоа накај треба Ватикан да тргне, да се обратите кај „младиот папа“, односно да ја одгледате извонредната истоимена серија (The Young Pope) на Paolo Sorrentino.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here