Со заоѓањето на сонцето на „Халовин“, граѓаните на Сан Франциско – оние незапознаените со петицијата Change.org, ги изненадил огнениот поглед на Окото на Саурон, симболот на Мрачниот Господар од митологијата на Џ. Р. Р. Толкин, кое ги надгледувало од врвот на највисокиот облакодер во градот, Salesforce Tower.

Идејата вака да се „костимира“ зградата за Ноќта на вештерките добила над 11.000 потписи преку споменатата петиција стартувана во октомври.

„Веруваме во моќта на интернетот како збирно место за луѓето да споделуваат идеи и да влијаат на промените во светот. Нашата цел е да дадеме здив на креативно свеж воздух во инаку задушливиот политички крајолик“, се вели во текстот на петицијата, во која се повикуваат Salesforce, односно Boston Properties, како сопственици на највисокиот облакодер во Сан Франциско, да не бидат светилник само на капиталистичкиот пат, туку да ја симнат својата капа и пред луѓето, културата и заедницата на овој голем град, изграден на креативност, истражување и силна сопствена експресија.

Проекцијата на „Окото“ е дизајнирана од уметникот Jim Campbell кој и самиот живее во Сан Франциско, и е познат по неговите електронски скулптури/инсталации со светлечки диоди (LED) (на врвот на Salesforce Tower е искористен дисплеј со 11.000 LED-диоди).

Меѓу оние кои не биле воодушевени од преселбата на Саурон од Мордор во Сан Франциско е и извршниот директор на Salesforce (софтверската компанија), Marc Benioff, кој изјавил дека ќе било подобро од облакодерот (кој е сопственост на Boston Properties, компанијата која ги менаџира и проекциите на врвот на зградата, а Salesforce го поседува само правото на нејзино именување) да бил испратен сигнал за Batkid (суперхеројското име на Miles Scott, детето кое го победи ракот), „за да се повратиме, бидејќи на нашиот град му треба многу љубов, токму сега“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here