Во пресрет на американските конгресни избори (midterms) што се одржуваат денеска, Jim Carrey, кој периодов уживаме гледајќи го во одличната серија „Kidding“, уште еднаш покажа дека дефинитивно не се шегува кога е политиката во прашање, особено во неговите ликовни дела што ги објавува на Twitter, со брутално директни пораки, упростени до ниво на навивање на дете (во што потсетува на ликот што го игра во споменатата серија).

Имено, во неделата тој објави цртеж со кој сака да го прикаже како митски судирот меѓу демократскиот кандидат за сенатор, Beto O’Rourke, и неговиот републикански опонент, Ted Cruz, во кој првиот го уништува вториот – „вампирот“ Круз, со сончева светлина.

Сликата е проследена со „твит“ од актерот, во кој тој порачува денешниот вторник да заврши како секој добар вампирски филм:

„Напред Бето! Напред Демократи! Да гласаме како да ќе нема утре. Овој вторник нека заврши како секој добар вампирски филм. Да ги повлечеме завесите за сончевата светлина да ги претвори овие крвопијци во прашина“.

Cruz, покрај целиот цајтнот во кој се наоѓа пред изборите, не додржа да не му одговори на Carrey (исто така на Twitter):

„Холивудските либерали се „all in“ за Бето. Но, (самонаречениот социјалист) Jim Carrey направил грешка овде: вампирите се мртви, и секој знае дека е мртов гласот за Демократите“. (?!)

Актерот, пак, реплицираше со „твит“ кој поради многу зборови што бараат цензура : ) го пренесуваме во оригинал:

Инаку, повеќе од година се вжештуваше трката меѓу O’Rourke и Cruz, со резултати од анкетите што опасно ги плашат Републиканците, особено зашто ако загубат во овој дуел, O’Rourke ќе биде првиот демократски сенатор делегиран од Тексас по неколку децении.

А Jim Carrey веќе подолго време во својот ликовен опус опсесивно се занимава со американскиот претседател Доналд Трамп, со неговиот кабинет и случувањата во Белата куќа.

„Халовин“ им го честиташе на Американците со „твит“: „Некои луѓе не се преправаат дека се чудовишта. Среќен Халовин“, под кој следеше овој цртеж:

За повеќе живописни дела од „четката“ на актерот посетете го неговиот Twitter профил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here