Лично,  во последно време, најчесто сум на YouTube за да видам како се користи одредена опција што ми треба од програми кои не ги познавам доволно. Така припаѓам на најголемата група корисници на најпопуларниот сервис за споделување видеа.

Истражувањето на Pew Research Center спроведено во Америка (овде треба да се постави извесна ограда, во смисла на тоа во колкава мера наодите од истражувањето важат надвор од САД) покажало дека 51% од корисниците, на YouTube пребаруваат видеа од кои сакаат да научат како да направат нешто. Меѓу најбараните „како-да“ (how-to) се: како да направам слајм, како да врзам вратоврска, неколку „како-да“ поврзани со феноменот Fortnite, како да наместам Рубикова коцка …

Според ова истражување, втората најголема група корисници, 28%, се на YouTube за „трошење“ време (to just pass the time), додека 19% бараат видеа за дополнително да се информираат пред да купат нешто.

Ист процент, 19% од анкетираните, рекле дека сервисот им помага да разберат што се случува во светот. Во однос на последново, очекувано, 64% (само?!) од учесниците во истражувањето на Pew рекле дека кога бараат информации/новости, наидуваат на видеа што се „очигледно лажни“.

Кога се во прашање децата и YouTube, анкетата покажала дека 81% од родителите им дозволуваат пристап на нивните синови и ќерки, а 34% од овие татковци и мајки немаат проблем нивните деца да пристапуваат до сервисот кога ќе посакаат (regularly). Одново очекувано, 60% (одново само?!) од родителите рекле дека на YouTube, меѓу детските видеа, наоѓаат содржини што не се соодветни за деца.

Целата студија можете да ја прочитате овде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here