Во 1992 година, режисерот David Lynch и композиторот Angelo Badalamenti, авторот на незаборавната музика од серијата Twin Peaks и од класиците на Lynch како „Blue Velvet“ и „Mulholland Drive“, го почнале музичкиот, експериментален џез проект Thought Gang, и завршувајќи со следната, 1993 година, снимиле материјал за албум.

Но, албумот излезе после цели две-и-пол децении (што не треба да зачудува кога е во прашање Lynch – 27 години го чекавме враќањето на Twin Peaks); сега, на 2 ноември, под етикетата на Sacred Bones Records.

Додуша, „привју“ на албумот беше даден навреме – две од односните траки беа вклучени на саундтракот од филмот „Twin Peaks: Fire Walks With Me“ (1992).

Ако ви треба „стилско“ објаснување за музиката на Thought Gang, Lynch проектот „Мислечка банда“ го претстави како „модерна музика“: „Вид џез „на керозин“ … базиран на приказни“.

Во новото видео, „Ant Head“, направено за Festival of Disruption 2018 (чиј куратор е токму Lynch), се вклучени две траки од албумот („Frank 2000 и „Woodcutters From Fiery Ships“) што се вика исто како проектот, „Thought Gang“.

Погледнете го, и немојте да мислите дека сѐ сте виделе веќе во првиот кадар, зашто Lynch очигледно игра на психолошкиот ефект од 13-минутното слушање на одличната музика, додека единствената визуелна динамика ја даваат мравите кои лазат по нешто што наликува на човечка глава (очигледно направено од материјал што ги привлекува) и инвертирањето на боите некаде после осмата минута … и извесното зумирање на крајот од спотот …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here