„Уметноста и парите секогаш одат рака под рака. Многу е важно квалитетната уметност да биде скапа. Ги заштитуваш само работите што се вредни. Ако нешто нема финансиска вредност, на луѓето не им е грижа за него, нема да му ја дадат потребната заштита. Единствениот начин да се обезбеди да преживеат културните артефакти, е да имаат комерцијална вредност“, вели аукционерот Simon de Pury на почетокот од документарецот „The Price of Everything“, во одбрана на денешната ситуација на глобалниот пазар на уметност, во која, како што вели трговецот со уметнички дела, Gavin Brown, „уметноста и парите се сијамски близнаци што не можат да се раздвојат, при што целта на уметноста е променета, первертирана, мутирана, и таа тешко ќе го најде излезот“.

Режисерот Nathaniel Kahn, интервјуирајќи ги „спиритус мувенсите“ на светскиот арт маркет – големи колекционери, трговци, аукционери, критичари/историчари на уметноста и уметници, се обидува да ги разбере денешните цени на уметничките дела – начинот/причините поради кои се одредуваат, односно да го фати размерот на расчекорот меѓу пазарната цена на делата и нивната вистинска вредност.

За релевантност на документарецот Kahn го обезбедил учеството на повеќе ѕвезди на пазарот, од видот на уметниците Jeff Koons, Gerhard Richter, George Condo …, колекционерот Stefan Edlis, критичарот со Пулицерова награда, Jerry Saltz …

Режисерот одговорите главно ги бара компарирајќи ги како контрастни ликовите на Jeff Koons, кој, гледано финансиски, е најуспешен жив уметник (го држи и рекордот за најскапо платено дело на жив уметник, што е неговото портокалово „Balloon Dog“ кое во 2013 се продаде за 36,8 милиони фунти), и Larry Poons, кој бил ѕвезда во 60-тите и 70-тите, но сега е „демоде“ во круговите на инфлуенсерите на арт-маркетот, иако продолжува да работи можеби подобро од кога и да е.

Jeff Koons – гледано финансиски, најуспешниот жив уметник

Зошто ги правам работите кои ги правам? Единствената работа што ја имам се моите интереси“, вели Koons во своето ателје полно со чираци кои штанцаат дела што „мајсторот“ тешко дека воопшто и ги допира, но се продаваат по цената што доаѓа со неговиот потпис. Овде мора да се каже дека не може да се приговори на објаснувањето на Koons оти и кога лично ќе се „запрља“ со бои, не е раката таа што креира, туку главата. Во контекстот, еден од клучните луѓе на арт-светот (како што го нарекува споменатиот Simon de Pury), Serge Tiroche, на прашањето зошто делата на Gerhard Richter се толку скапи, а на Poons не, вели дека едноставен одговор би бил оти тоа зависи од понудата-побарувачката, но, вистинскиот одговор е, како да го кажам ова елегантно, во финансиските интереси на одреден уметник“. Одговорот, пак, на Poons е дека „не е вистина оти најдобрата уметност е онаа што е најскапа“.

Кога го споменавме Richter, тој во документарецот се чуди што и негова минијатура вреди колку куќа – „а тоа не е фер – парите се валкани“, вели германскиот уметник кој преферира неговите дела да бидат во музеи, а не во приватни колекции. Веднаш потоа режисерот Kahn нѐ префрла кај Amy Cappellazzo, од аукциската куќа Sotheby’s, во моментот кога таа подготвува понуда токму за дела на Richter, од по 20-30 милиони долари секое. За Cappellazzo ставот на Richter за музеите е социјалистички, усилено демократски, зашто за неа музеите се како гробишта, каде делата се пикнати под земја (?!)

Во „The Price of Everything“ се проблематизира и компетенцијата особено на колекционерите како главни финансиери на арт-маркетот. Преживеаниот од Холокаустот, Stefan Edlis (кој со неговата сопруга во 2015 на Art Institute of Chicago му подари колекција вредна 500 милиони долари, од 42 дела – поп-арт и современа уметност, меѓу кои на Jasper Johns, Roy Lichtenstein, Andy Warhol, Maurizio Cattelan), вели дека „светот на уметноста има неколку лидери и многу следбеници, што е во ред ако го следите вистинскиот лидер“, на што се надоврзува de Pury чие искуство на аукционер е оти „повеќето купуваат со ушите, наместо со очите“.

На крајот ќе го споменеме цитатот од „Ладалото на госпоѓа Виндермир“ (Lady Windermere’s Fan) на Оскар Вајлд, што во филмот прозвучува од устата на споменатиот Edlis, дека „има многу луѓе кои ја знаат цената на сѐ, и вредноста на ништо“.

THE PRICE OF EVERYTHING (2018)

The Price of Everything dives deep into the contemporary art world, holding a mirror up to our values and our times — where everything can be bought and sold. Coming to select theaters this fall, from HBO Documentary Films.

Gepostet von The Price of Everything am Sonntag, 14. Oktober 2018

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here