Портокаловото „Куче балон“ (Balloon Dog) не е веќе најскапо продадено дело на жив уметник. Jeff Koons, светскиот рекорд од 2013 кога споменатата негова скулптура се продаде за 36.8 милиони фунти (58.4 милиони долари), мораше да му го препушти на David Hockney, чие платно, „Portrait of an Artist (Pool with Two Figures)“ (Портрет на уметник (базен со два лика)), во четвртокот (15 ноември) во Њујорк, на аукција на Christie’s, се продаде за 90,3 милиони долари.

Продавач на сликата беше сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб Tottenham Hotspur, Joe Lewis, кој ја купил во 1995 година за непозната цена.

Самиот, пак, David Hockney, кој е сметан за еден од највлијателните британски уметници на дваесеттиот век (а се смета и дека за растот на неговата популарност придонела ланската супер успешна ретроспективна изложба во Tate Britain и во њујоршкиот Metropolitan Museum of Art), нема никаква директна финансиска добивка од рекордната продажба на неговата слика, која тој ја продал за 18.000 долари уште во 1972 година, кога и ја насликал.

Подготвителна фотографија за „Portrait of an Artist (Pool with Two Figures)“

Поранешниот партнер на Hockney, исто така уметникот Peter Schlesinger, кој е портретиран на повеќе негови платна, вклучително и на во четвртокот рекордно продаденото, за Observer вака го објаснува односното дело:

„Се работи за неверојатна слика, која ги содржи двата најиконични жанра (на Hockney) – базените и двојните портрети, но не можам да зборувам за емоционалниот момент зашто мислам дека и го нема. На платното сум јас како стојам, и друг лик во водата, насликан поинаку. Се работи за концептуална проблематика. Јас дури и не мислам дека ова е мој портрет.“

Иако „раскажувањето“ на уметничките дела е бесмислено како и раскажувањето музика, ова го пренесуваме за да избегаме од практиката во последно време, кога зборуваме за уметност, всушност да зборуваме за пари, со која се занимава документарниот филм The Price of Everytnig“, што препорачуваме да го погледнете.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here