„David Bowie Is“, изложбата која заврши летоска по петгодишната турнеја низ 12 градови и ја посетија над 2 милиони луѓе, немавме можност да ја видиме во вистинскиот живот, но личните архиви на омилениот ни Bowie ќе можеме да ги разгледаме набрзо, и тоа не помалку реално, преку апликација за збогатена (проширена) реалност (augmented reality – AR).

David Bowie Is апликацијата, најавена во јуни, а што ќе се појави во верзии за Android и iOS на 8 јануари следната година (на седумдесет и вториот роденден на Bowie), ќе ги отвори за фановите архивите од костуми, видеа, рачно напишани текстови, оригинални ликовни дела … , што беа дел од физичката изложба, и тоа во рендер што ќе овозможи разгледување во 360-степени на секој од предметите, со нарација на 7 јазици. Апликацијата ќе понуди и ексклузивни содржини, што ги немало на физичката изложба, а конечната верзија на истата, во виртуелна реалност, ќе биде готова подоцна во 2019 година.

Апликацијата е развиена по нарачка на David Bowie Archive и Sony Music Entertainment (Japan) Inc. (последните беа домаќини на изложбата во Токио лани), од страна на њујоршкото студио Planeta, чии луѓе го направиле дизајнот, како и развојот на интерпретациите на експонатите за збогатена и за виртуелна реалност, базирајќи ги на првата поставка на изложбата во лондонскиот V&A музеј, во 2013 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here