На почетокот на 1981 година, за Jean-Michel Basquiat, кој тогаш имал 20 години, почнал периодот што ќе ја дефинира неговата кариера. Во наредните година-и-пол ги создал петте клучни дела: Untitled (Head) (1981), Acque Pericolose (1981), Per Capita (1981), Notary (1983) и La Colomba (1983). А во оваа фаза на ширење на фамата за него, кога живо ја одигрувал својата улога во ревитализирањето на њујоршката арт сцена, Basquiat направил едно патемно, непознато за пошироката јавност патување до Токио, каде бил фотографиран од јапонскиот фотограф Yutaka Sakano, во облека креирана од Issey Miyake. Овие никогаш претходно видени портрети првпат се изложени (од 15-ти месецов), и може да се видат во Galerie Patrick Gutknecht, Париз, до 19 јануари 2019.

Sakano во таа 1983, во изнајмено студио, над три часа го фотографирал Basquiat, без да разменат ниту збор, бидејќи не го знаеле јазикот на другиот. Фотографот сега споделува впечатоци од ова искуство со големиот уметник во фаза на растечка слава.

Во 1982 година Basquiat беше сензација во Њујорк, изложуваше извонредни дела. Овие фотографии се направени кога тој првпат дојде во Јапонија, подготвувајќи се за својата прва самостојна изложба овде. Мислам дека во 1983 беше во неговата златна ера“, е изјава на Sakano.

Yutaka Sakano

Basquiat си играше со речиси секој поединечен предмет, и со боја, во студиото што го изнајмивме за сесијата. Беше опуштен играјќи си, многу ентузијастичен. Искрена, многу фина личност. Знаеше како да се движи, што беше одлично за мене како фотограф. А многу малку позираше, и тоа на многу природен начин. Не морав да му кажувам што да прави. Главно комунициравме со гестикулации.“ (Повеќе за изложбата овде)

Basquiat се вратил во Јапонија за друга изложба во 1985, а почина во 1988, на 27-годишна возраст. Лани неговатa слика Untitled (1982), постави нов рекорд од 110,5 милиони долари, за најскапо продадено платно на американски уметник.

Untitled (1982)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here