Со проектот на Banksy од 2015 година, тематскиот парк Dismaland, што е верзија на Disneyland за освестување на возрасните да се позабават со проблемите на светот, беа опфатени растечката нееднаквост, недовербата во полицијата, бегалската криза …

Сега британскиот анонимен уметник организира натпревар за освојување на едно од делата од Dismaland, за да се соберат пари за раселените луѓе.

Условите на натпреварот Banksy ги открива во Instagram пост, пишувајќи дека со влог од 2 фунти, оној што ќе ја погоди тежината на еден од бродовите од Dismaland, ќе може истиот да го добие.

Бродот има „далечинско управување, најголема брзина од три јазли, а и батериите се вклучени“, стои понатаму во постот.

Претпоставката е дека можноста да се добие дело на Banksy за вака симболична цена (во ситуација кога две негови дела неодамна се продадоа за 1.04 милиони фунти, односно 561 илјада) ќе предизвика голем интерес, односно, добра сума за помош на бегалците и раселените луѓе низ светот.

Делото „Dream boat“ е мало бротче полно со бегалци, а уметникот праќа јасна порака кога истото го третира како тас од вага, ставајќи му име на постот: „Колку тежи“.

За помош во нагаѓањето, материјалите на делото со димензии 90cm x 38cm x 42cm можат да се најдат на сајтот каде се одржува натрпеварот, Choose Love. Се работи за продавница каде може да се купат практични работи како шатори или вреќи за спиење за бегалците, како алтернатива за вообичаеното божикно шопингување.

Учесникот кој ќе даде проценка што ќе биде најблиска до вистинската тежина на бродот, ќе го освои истиот, а играта завршува во 8 часот (GMT) на 22 декември, кога делото на Banksy ќе го измерат студенти специјалисти од Кралскиот колеџ во Лондон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here