Иако само 36 платна му се припишуваат на Johannes Vermeer (во нив спаѓа и The Concert”, сликата која во 1990 година беше украдена од бостонскиот Isabella Stewart Gardner Museum), ретко кој (би) имал можност да ги види во живо сите дела на големиот холандски уметник, зашто се растурени низ 17 колекции во 7 држави.

Но, сега првпат можете да ги искусите сите познати дела на Vermeer на едно место, благодарение на холандскиот музеј Mauritshuis и на други културни институции што го чуваат наследството на уметникот, во Џебната галерија (Pocket Gallery), што е новата опција во Arts & Culture апликацијата“, објави Google на својот блог.

Џебната галерија користи збогатена (проширена) реалност (augmented reality – AR), и преку смартфон овозможува да се влезе во виртуелниот изложбен простор каде се сите дела на Vermeer. Сликите се „закачени“ во нивната вистинска големина и се перфектно осветлени, ветува Google, а користејќи ја новата опција на Arts & Culture app, ние се уверивме и дека испорачува. Приближувањето до платната (со движење на телефонот) овозможува извонредно „зумирачко“ уживање во деталите, благодарение на роботската камера со ултра-висока резолуција (Google Art Camera), која ги снимила делата на Vermeer. Апликацијата е достапна и за iOS и за Android.

„Арт камерата“ во акција

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here