Азискиот филм неспорно има мајстори на хоророт, и фановите веднаш ќе се сетат на „Ring“ (1998), „The Eye“ (2002), „Audition“ (1999) (на омилениот ни Takashi Miike), „Ju-on: The Grudge“ (2003), „A Tale of Two Sisters“ (2003), …

И ако е точно дека „најсилен вид страв е оној од непознатото“, како што вели H. P. Lovecraft, а вие сакате хорори од кои и ќе се (под)уплашите, но тоа не ви успева со „рециклажите“ на добро познатите ви вампири и зомбија, тогаш за вас е серијата на HBO Азија, „Folklore“, во која за стравот е задолжена цела нова (или недоволно позната за западен поим) гарнитура од традиционални предизвикувачи на кошмари на Далечниот исток.

Се работи за хорор антологија од шест епизоди, од кои секоја (од приказните) се случува во една од шест азиски земји (Индонезија, Јапонија, Кореја, Малезија, Сингапур и Тајланд); секоја е базирана на длабоко вкоренети локални суеверија и митови; во секоја се зборува на најзастапениот јазик на земјата, од која доаѓа и режисерот на епизодата.

Креатор на „Folklore“ е сингапурскиот режисер Eric Khoo, кој и ја режирал епизодата за својата земја, а индонезиската му ја доверил на Joko Anwar, јапонската на Takumi Saitoh, тајландската на Pen-Ek Ratanaruang (неговиот „Last Life in the Universe(2003) беше дел од нашата летна филмска препорака), малезиската на Ho Yuhang, и корејската на Lee Sang Woo.

Децата грабнати од Wewe Gombel, духот на жена која се самоубила зашто не можела да добие свои, па грабнува туѓи деца ако се несакани и запоставени од родителите. Од првата епизода на „Folklore“, индонезиската „A Mother’s Love“

Khoo инсистирал секоја епизода да биде на најзастапениот јазик во шесте држави, сметајќи дека „јапонски (на пример) хорор филм во кој се зборува англиски, изгледа како виц“. Како што вели креаторот, серијата има амбиција да го „рибутува“ азискиот хорор, модернизирајќи ги локалните легенди на начин што ќе ги актуализира, односно ќе ги направи пошироко разбирливи.

Значи наместо зомбија и вампири, во „Folklore“ се оперира со тојоли, понтианси, вевиња … Последниот, „Веве“ (Wewe Gombel), е на пример дух на жена која се самоубила зашто не можела да добие свои деца, па ги грабнува туѓите, ако се несакани и запоставени од родителите – како што дознавме од првата, индонезиска епизода на серијата, „A Mother’s Love“ (дополнителна екстра е оваа можност да се научи нешто за овој дел од културата на азискиот континент).

Folklore“ е серија правена според највисоки филмски стандарди; со извонредна фотографија, актерска игра, музика; режија на нивото на репутацијата на ангажираните признати автори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here