„Кумот на панкот“, како што го нарекуваат James Newell Osterberg Jr., познат по сценското име Iggy Pop, ќе биде извршен продуцент на документарната серија од четири епизоди, „Punk“, на американската телевизиска мрежа Epix. Неслучајно, зашто фронтменот на The Stooges го има едно од најдолгите паметења за радикалното музичко и културно движење, како негов протопанкерски мразокршач.

Живописната кариера на Iggy одлично ја покри документарецот Gimme Danger, (каде The Stooges се слават како „најголем рокенрол бенд на сите времиња“ според кажаното од авторот Jim Jarmusch), но за „Punk“ тој одново ќе биде интервјуиран, покрај John Lydon (Sex Pistols), Dave Grohl (Foo Fighters, Nirvana), Debbie Harry и Chris Stein (Blondie), Flea (Red Hot Chili Peppers), Marky Ramone (Ramones), Wayne Kramer (MC5), Jello Biafra (Dead Kennedys)

Преку оригинални интервјуа со американските пионери на панкот и со култните бендови од Обединетото Кралство, флуидно измиксани со ретки и невидени фотографии, моќни архивски филмови и видеа, „крцкав“ саундтрак со панк хитови (погодоци) и „промашувања“, Punk ги истражува музиката, модата, уметноста и DIY (Do it yourself) ставот на супкултурата на неподобните и отфрлените, како што и самите се опишуваат“, стои во официјалното соопштение на Epix.

Продуцирана од модниот дизајнер John Varvatos, и режирана од Jesse James Miller, со Network Entertainment на канадскиот филмски и телевизиски продуцент Derik Murray, „Punk“ ќе ја има својата премиера на 11 март. За Varvatos ова истражување и одново преживување на историјата на панкот било љубовен пород, како што вели во изјавата што продолжува со став дека „способноста на панкот да транзитира низ генерациите со неговата култура, музика и стил, е приказна што треба да биде раскажана“, а завршува со иконичниот извик од „Blitzkrieg Bop“ на Ramones: „Hey! Ho! Let’s go!“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here