ГОЛЕМИОТ актер Bryan Cranston, кој во „Breaking Bad“ го донесе најсилниот лик кој се појавил на ТВ-екраните, Walter White aka Heisenberg, во „The Late Show“ со Stephen Colbert (CBS), говори за претставата во која моментално игра на Бродвеј, „Network“, од драмскиот писател кој е единствен со три соло Оскари (без косценаристи) за најдобро сценарио, Paddy Chayefsky. Истоимениот филм од 1976 година, снимен по текстот на Chayefsky, заедно со неговиот, има уште три Оскари, вклучително и за најдобар актер на Peter Finch, кој го игра ликот што сега на Бродвеј го донесува Cranston, а имено гневниот Howard Beale.

Во приложеното видео погледнете дел од разговорот на Cranston со Stephen Colbert, а ние ви пренесуваме една слободна транскрипција на охрабрувањето на актерот за јавно покажување гнев поради неправдите кои, како што вели, често ги гледаме овие денови; зашто, смета тој, тоа е начинот да се случат општествени промени:

„Она што ме прави лут, гневен, е што луѓето ја прифаќаат дволичноста, губењето на интегритетот и недостатокот на одговорност, што ни се случуваат во нашето општество. Многу откровенија доживува актерот развивајќи одреден лик, но ќе го издвојам согледувањето за социјалното неприфаќање на емоцијата на гневот – да се биде гневен. Ја прифаќаме нетолеранцијата, раздразливоста, … но,гневот, вистинскиот гнев покажан јавно, не е прифатлив. И веројатно, она што треба, како што Howard Beale вели, е прво да станеш гневен, а кога си доволно гневен, тогаш ќе сфатиш што треба да направиш со тоа; тогаш општествените промени може да се случат – кога ќе станеш гневен, и кога ќе видиш неправда, која често ја гледаме овие денови; и не сакаш да бидеш толерантен, не сакаш да го прифатиш тоа, туку сакаш да речеш: Не, ова ме прави гневен, тоа е погрешно, и ние мораме да застанеме, и да направиме нешто.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here