Како што беше ветено во ноември лани, денеска, кога David Bowie ќе наполнеше 72 години, излезе мобилната апликација „David Bowie Is“, а ние (секако) веднаш ја купивме, инсталиравме и уживавме „тестирајќија. Апликацијата е адаптација за збогатена/проширена реалност (augmented reality – AR) на истоимената изложба (David Bowie Is) која во 2013 година беше поставена во Музејот на Викторија и Алберт (Victoria & Albert Museum) во Лондон, по што пет години патуваше низ светот, уривајќи рекорди на посетеност.

Изложбата го претставува животот и кариерата на еден од највлијателните и најсаканите сценски уметници во историјата на културата, кому гарантира дигитална бесмртност“, стои во соопштението на издавачот/продуцентот, Sony Music Entertainment (Japan) Inc., односно The David Bowie Archive. Дизајнот и развојот на апликацијата е на Planeta Inc.

Текстовите на „Starman“ и „Blackstar“ во ракопис

Откако ќе ја стартувате „David Bowie Is“, пред да го придвижите телефонот над рамна осветлена површина за да одредите каде ќе се проектираат виртуелните простори од изложбата, ќе прочитате пригодна порака дека Bowie ни покажа оти можеме да бидеме кој сакаме да сме, а охрабрување за целта даваат над 400 предмети асоцирани со него, односно со неговите фантастични трансформации, изложени во 25 виртуелни соби.

За разгледување во висока резолуција достапни се костими (над 50 во 3D), скици, белешки, рачно напишани текстови на песни, музички видеа и оригинални уметнички дела на Bowie. Шеесет нови предмети се додадени на оригиналната (физичката) колекција која патуваше низ светот.

Мапата на сѐ што можете да видите, почнувајќи од најраната детска фаза на најава на уметничкиот гениј на Bowie, а завршувајќи со Blackstar, ги содржи следниве 25 виртуелни простори/соби: Lobby, Early influences, Space Oddity, Astronauts of inner space, Cultural influences, Songwriting, Recording, Characters, Collaboration, Freddie Burretti, Alexander McQueen, Kansai Yamomoto, Rebel Rebel, 1980 floor show, Life on Mars, Ziggy Stardust, Hunger City, Music videos, Stage and screen, New York, Black and White years, Portraits, Young Americans, Live, Blackstar.

Апликацијата овозможува да ја истражите целата изложба во интимата на вашето опкружување, без бариери од стакло, витрини или толпа посетители“, порачува издавачот, кој билет“ за виртуелната изложба продава за 8,81$ на Google Play, a ако користите уред на Apple, за 7,99$.

За целосно доживување, воведот и нарацијата во AR адаптацијата на изложбата му се доверени на „блискиот пријател (на Bowie) и добитник на Оскар“, Gary Oldman.

Во галеријата што следи погледнете „скриншотови“ од дел од експонатите што го претставуваат David Bowie како ликовен уметник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here