„Working Not Working“ е платформа која „ги поврзува компаниите со најкреативните креативци во универзумот“, како што стои на нејзината веб-страница. Петта година по ред Working Not Working ги анкетира своите членови за да открие кои компании ги преферира заедницата од над 50.000 креативци од повеќе од 130 држави, како следна дестинација за работа. Во новата анкета добиле десетпати поголем инпут од кога и да е – креативците именувале 2.832 компании. Резултатите за првпат се презентирани како ранг-листа, што ја предводи Nike, компанијата со најмногу добиени гласови.

Во редоследот на првите десет следат: Wieden+Kennedy, Google, Apple, Droga5, Google Creative Lab, Pentagram, Netflix, 72andSunny и IDEO. Овде можете да ги видите првите педесет, и да дознаете повеќе зошто се тука токму тие.

Во објаснувањето за победникот, Nike, „Working Not Working“ пишуваат дека „(Nike) одамна е дом на врвната креативност со глобален дострел“. Од анкетираните, 74% одговориле дека неодамнешната реклама на Nike влијаела уште повеќе да сакаат да работат во гигантот од Орегон. Некако соодветно, компанијата на второ место, Wieden+Kennedy, е агенцијата чија креација е оваа реклама.

Анкетата покажала дека прв избор на адвертајзинг креативците е Wieden+Kennedy, на дизајнерите Nike, на продуцентите Netflix, на филмските креативци Vice, на нивните колеги од техничките оддели, Apple, на аниматорите Buck, а на фотографите, одново Nike.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here