Сите го знаат почетокот на монологот на Хамлет, „Да се биде или не“ (To be or not to be). Но, ретко кој знае како оди понатаму. Ако преку овој филм ја привлечеме новата генерација кон делата на Шекспир, нашата работа е завршена“, вели во интервју за Short Film Fan (веб-страница за новости, рецензии и информации за канадски кратки филмови) писателот и режисерот на краткиот, 8-минутен Star Wars фан филм, „Squad Leader TD-73028 Soliloquy“, Maxime-Claude L’Écuyer.

Во ова достојно поставување на познатиот монолог на Хамлет, принцот дански од истоимената трагедија на Вилијам Шекспир, осамен Стормтрупер (јуришник) (stormtrooper), барајќи си го патот низ пуста/пустинска планета, добива порив да бара одговори на најсуштинските, егзистенцијалистичките прашања. Пригодно, неговиот внатрешен глас го рецитира споменатиот монолог …

Генијалниот, пребогат текст на Шекспир, совршено одговара да биде внатрешен глас на Стормтруперот. Ова покажува дека шекспировиот јазик сѐ уште одекнува до нас низ вековите, и останува релевантен денес како и секогаш – да не споменуваме дека ова сѐ случува во многу, многу далечна галаксија … (последново е цитат од почетокот на Star Wars филмовите: „A long time ago in a galaxy far, far away …“)“, вели Maxime-Claude L’Écuyer.

Режисерот, понатаму во интервјуто за Short Film Fan, објаснува дека во својот краток филм ги меша минатото и иднината, класичната и поп културата, во случајов футуристичко/научно-фантастична, за да го прикаже социјалниот и политички аспект на денешницата, чија парадигма е Стормтруперот, војникот без лице, пион во служба на „моќниците“ (на the Rogue), дезертер кој се труди да ја одрази својата човечка димензија, испитувајќи ги причините за своето постоење, за значењето на неговиот живот.

Се обидовме да го хуманизираме безличниот, маскиран војник“, вели Maxime-Claude L’Écuyer, за главниот лик, Стормтруперот, кој вообичаено (во Star Wars) е безмилосен војник, кој не сака да размислува за системот во чија служба е, зашто истиот го издресирал да се себедоживува како небитно, лесно заменливо шрафче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here