Британската компанија што се занимава со роботика, Engineered Arts, ја претстави Ai-Da – првиот робот уметник, всушност уметница, што може да црта без инпут од човек. Ai-Da гледа преку камерите сместени во нејзините очи, и со молив што го држи во бионичка рака, црта „од гледање“, што досега не беше постигнато во инженерските обиди во вештачката интелигенција со уметнички амбиции.

Ai-Da е произведена за британска галерија, сопственост на Aidan Meller, кој смета дека со овој робот почнува формирањето на една нова гранка во уметноста, зашто „долго и фотографијата и видеото не беа сметани за уметност, но сега се стандард“.

Ai-Da, „крстена“ по британската математичарка и пионерка на компјутерската наука, Ada Lovelace, има реалистичен човечки лик, изграден од силиконска кожа, 3D испечатени заби и непца, коса што ѝ е вградувана влакно по влакно (…), а може и да зборува, односно да одговара на прашања.

На Ai-Da ѝ требаат 45 минути да нацрта портрет, а досега се покажала во портретирање на луѓе и животни.

Цртеж на Ai-Da

Нејзиното деби ќе сее случи во мај, на изложбата „Unsecured Futures“ на Универзитетот во Оксфорд.

„Ai-Da ќе изведе перформанс во живо на отворањето, како омаж на „Cut Piece“ на Yoko Ono, но обратно (наместо да ја соблекуваат), луѓето од публиката ќе ја облекуваат Ai-Da, за да се потенцира врската меѓу луѓето и технологијата.“ Дел од изложбата ќе бидат и пластични, сребрени и бронзени скулптури рендерирани низ AI процеси, како што најавува Aidan Meller. Во ноември, пак, оригиналните цртежи изработени од Ai-Da ќе бидат изложени во Лондон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here