Сопствениците на „Palms Casino Resort“ во Лас Вегас, браќата Frank и Lorenzo Fertitta, кои богатството освен од оние што се борат со среќата во нивните казина, го стекнуваат и на мускулите на професионалните борачи на UFC (Ultimate Fighting Championship – компанијата што организира борби во мешани боречки вештини ја купиле во 2001), се големи колекционери, со фокус на модерната и современата уметност. Англиската ѕвезда Damien Hirst им е меѓу омилените уметници, а во раскошните простори на нивниот ресорт е разместена извонредна колекција на дела и од Jason Revok, Felipe Pantone, Takashi Murakami …

Од Hirst го порачале и добиле дизајнот на новиот пентхаус, во рамките на 690 милиони долари вредното реновирање на нивните „Палми“.

„Ми се допаѓа тоа што Френк и Лоренцо го направија со „Палмите“. Неверојатна е можноста да се работи со нив, зашто тие се големи колекционери и тотално ја разбираат уметноста. Ми дозволија да креирам апартман во хотелот и да дизајнирам сѐ, и комплетно да го исполнам со моја уметност“, е изјава на Hirst што ја пренесува ARTnews. Веројатно во контекст на оваа изјава треба да се толкува и името на апартманот – „Empathy Suite“ – во смисла на емпатијата што за уметноста ја покажуваат браќата Фертита.

„Winner/Loser“ (2018) на прозорец во „Empathy Suite“

Пентхаусот дизајниран од Hirst се простира на 836 квадратни метри и вклучува шест оригинални дела на уметникот; и од неговите најпознати серии – тука се и ајкулите во формалдехид и кутиите со пилули и пеперутките. Покрај двете главни спални соби, солена соба и собите за масажа, „Empathy Suite“ располага и со надворешен (надвиснат) џакузи од кој се пружа поглед на улицата по која го препознаваме Лас Вегас, Стрип. Наскоро на местото ќе има и уште повеќе Hirst, а имено, неговиот 18-метарски „Demon with Bowl“ (2014) ќе биде поставен во базен на ресортот.

Цената за две ноќевања (минимум престој што може да се закупи) е 200 илјади долари, а пред да се одлучите за резервација : ) погледнете ја галеријата:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here