„Ова не се обични филмски плакати – високи се по 2 метри, изработени во еден примерок, оригинални слики во маслена техника“, вели Karun Thakar, колекционерот и кураторот на „African Gaze“ (Африкански поглед), изложбата на филмски постери од Гана.

Над 100 плакати кои навистина ѝ служеле на целта – најавувале филмска програма во западно африканската држава, и биле поставувани на јавни места од доцните седумдесетти до раните двеилјадити – се изложени во рамките на „African Gaze“, а се дел од колекцијата на Karun Thakar и подоцна Mark Shivas (телевизиски и филмски продуцент). Конкретно ги рекламирале проекциите на холивудски, боливудски, нигериски и гански филмови, во мобилни видео клубови.

Овие плакати, очигледно дизајнирани за да не може никој да ги игнорира, со својата екстремност обезбедувале намамување на публиката на проекции во камиони, овозможени од видео рекордери, бензински генератори и проектори, што бил начинот да се следи новото од филмот во отсуство на кино сали.

Бидејќи биле изложувани на отворено, хартијата не била погодна (со оглед дека плакатите после проекцијата требало да се свиткаат и одново да се постават во следното село), па вреќи од брашно биле спојувани (зашивани една за друга) за да послужат како сликарско платно.

„Ако внимателно ги разгледате ќе го прочитате на нив брендот на брашното и ознаката „50kg“ под сликата што рекламира филм“, вели Thakar, кој особено го воодушевуваат ганските постери за холивудски филмови – силно драматичната и накострешена реимагинација на истите, сработена од локалните, гански улични уметници, некои од нив неспорно вешти, од периодот пред дигиталната револуција да ја направи визуелната култура и иконографија подостапна низ светот.

За да поверувате, погледнете ја галеријата:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here