Woshibai е роден, израснат и моментално живее во Шангај. Работи илустрација и стрип, речиси исклучиво монохроматски, минималистички, со рафинирани линии и естетска конзистентност; фокусирано, со јасна идеја; низ кадрите лесно го пренесува наративот, и крајниот производ е онаа магија што ни е позната од моментите на сонливост (или од луцидните соништа), пред да заспиеме, кога рационалното попушта, рефлектирајќи се и на виденото низ полузаспаните очи.

Студирал индустриски дизајн, но не бил многу мотивиран да работи на својот главен предмет, па често бегал од часови за да го црта „своето“, во спалната на интернатот, кое подоцна го објавувал на интернет.

„По извесно време, уредници и арт директори на магазини ме контактираа за да нацртам некои илустрации за нив, вклучувајќи и стрипови, па сфатив дека тоа е многу погоден медиум за моите експресии“, вели фриленс стрипаџијата и илустратор Woshibai, секогаш со алатот при рака – молив и листови „А-четворки“, зашто идеите често го затекнуваат во движење.

„Некоја слика, пасус од книга или сцена што ќе ја видам на улица и ќе ми го привлече вниманието, може да ме одведе таму кај што сакам да стигнам“.

Материјалот потоа го разработува дома, и финално го црта со софтверот Sai2.

Клиенти му биле и Bloomberg Businessweek, Elle Men, Wissen Magazine (…), имал три самостојни изложби, а „Мигрена“ му е „хард копи“ објавен стрип.

„Мигрена“

Во галеријата погледнете некои негови работи …

За повеќе, на Instagram

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here