„Lili-Marleen-Gruppe“, Claus Homfeld, 1987, Munster

Авторите на оваа македонска верзија, снимена пред 27 години, на германската љубовна песна „Лили Марлен“, веднаш се оградуваат од можните толкувања дека поривот да ја препеат има каква и да е врска со симпатии поврзани со доживувањето на песната како неформална химна на нацистичките војници во Втората светска војна. Напротив, велат дека намерата била „Лили Марлен“ да се истргне од овој контекст, симболично во времето (раните деведесетти – веднаш по осамостојувањето на државава) кога почнувала демократијата, односно, се очекувало да престанат ваквите стигматизации на културата.

„Лили Марлен“ била особено податлива за целта при историскиот факт дека во екот на популарноста била омилена и меѓу војниците на Силите на Оската, и меѓу оние на Сојузниците. Откако почнало емитувањето на песната од окупиран Белград во 1941 година, на фреквенцијата на Радио Белград претворено во станица на германската војска, самиот нацистички министер на пропагандата, Јозеф Гебелс, ја забранил „Лили Марлен“ сметајќи дека е премногу сентиментална, односно опасна за моралот на војниците. Дополнително, Марлен Дитрих, чија верзија на „Лили Марлен“ најмногу придонела за популаризацијата на песната, била меѓу првите што ја напуштиле Германија по доаѓањето на нацистите на власт, и од Америка жестоко го критикувала Хитлер и неговиот режим.

Стиховите за „Лили Марлен“ во 1915 ги напишал учителот од Хамбург, Ханс Лајп, а музиката 23 години подоцна, во 1938, Норберт Шулце, за следната 1939 да ја сними дотогаш непознатата кабаретска пејачка, Лале Андерсен.

Македонската верзија од 1992 е на Оливер Димитров – аранжман, Методија Ристески – препев, Нора Стојановиќ – вокал. Уживајте …

Лили Марлен

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here