Американскиот уметник KAWS (Brian Donnelly), за помалку од пола година дури шесткратно го надмина својот аукциски рекорд постигнат во ноември за неговото дело „Untitled (Fatal Group)“, кое тогаш се продаде за 2,7 милиони долари.

Имено, во понеделникот, на први април, во хонгконшкиот Sotheby’s, сликата „The Kaws Album“ (2005), како од (првоаприлска : ) шега ги надминала проценетите меѓу 760.000 и 1.000.0000 долари, и се продала за 14,7 милиони.

The Kaws Album

Ова благодарение на сѐ понаметливото стапување на арт маркетот на генерацијата „милениумци“, кои на понеделничката аукција разграбале уметност вредна 28 милиони долари, инспирирана од „Симпсонови“ (The Simpsons), како и патики за скејтбординг и лименки со спреј боја.

Sotheby’s Хонгокг понудил на продажба дела од приватната колекција на јапонскиот моден дизајнер и импресарио Tomoaki Nagao, познат како Nigo, кој соработува со уметници како KAWS, Futura и Stash – уличните артисти што станаа мејнстрим.

„Аукцијата одеднаш стана многу „похиперска“, со сите тие искулирани милениумци – купувачи во дуксери. Нивниот вкус е многу поразличен од оној на нивните родители, и Sotheby’s соодветно реагира“, е изјава на советникот за уметност во Citi Private Bank од Хонконг, Edie Hu.

А, „не сум изненаден од побарувачката, туку од финалната бројка. Очигледно, ова е пазар што се движи многу брзо“, изјавил њујоршкиот колекционер кој го купува KAWS последниве седум години, Max Dolgicer.

Рекордно продаденото дело (The Kaws Album) е видување на KAWS за денешницава, кое реферира на сликата од обвивката на револуционерниот албум на The Beatles, „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club“ (1967), со тоа што наместо „Битлсите“, Алистер Кроули, Едгар Алан По, Олдос Хаксли или Вилијам Бароуз, сега ги гледаме карактерите од „Симпсонови“, на чии лица, секако, е „потписот“ на KAWS, пречкртаните очи со „иксови“.

На аукцијата со која издоминирал KAWS, за 303.000 долари е продадена и фигура за која уметникот бил инспириран од јапонскиот манга јунак, Astro Boy, како и два пара патики дизајнирани од KAWS за брендот на Nigo, „A Bathing Ape“ (Bape), купени за 16.000 долари.

Патиките на KAWS за „Bape“ – чифт 8.000 долари

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here