„Above and Beyond“ – во слободен превод – да се биде над сѐ во сѐ и повеќе од тоа, е слоганот на Land Rover, но прашањето што си го поставивме вчера, пред да отидеме на официјалното претставување на новиот Range Rover Evoque во Скопје, ни беше: Како да се оди Above and Beyond после претходникот со исто име кој доби над 225 различни награди, воглавно за дизајн, истовремено уривајќи рекорди за продажба?

Виденото на настанот нѐ увери дека и совршеното може да се усоврши, во градација до суперлатив на убавината и технологијата.

Современиот динамички перформанс изведен на македонската премиера на новиот Evoque, во урбаната атмосфера создадена и благодарение на гостите на настанот – вљубениците во британскиот премиум бренд и пријатели на „Аутомобили Груп“, вчеравечер соодветно ѝ парираше на префинетоста и софистицираноста на најновата креација на Land Rover.

Генералниот менаџер на Jaguar Land Rover за Македонија, Драган Јаневски, во своето обраќање не ја криеше возбудата и радоста што новиот Evoque ја предизвикал во целиот тим на компанијата:

„Почувствувавме дека токму ова е совршениот момент за повторна средба со вас, средба по речиси 2 години од отворањето на нашиот ексклузивен Jaguar Land Rover центар во Македонија. Above and Beyond. Или во слободен превод – да се биде над сѐ во сѐ… и повеќе од тоа, да се оди подалеку. Ова е мотото на Land Rover, кое го прифативме и како мото на „Аутомобили Груп“, рече Јаневски, пред да го претстави бренд менаџерот во „Аутомобили Груп“, Љупчо Георгиевски, како „голем познавач на душата на Land Rover“.

„Новиот Evoque е дизајниран да ја задржи својата доминација, во чекор со новото време, со новата технологија и технички иновации, кои првпат се вградуваат во сегментот на компактните SUV возила, но и во самиот бренд.

Секако ќе забележите дека ДНК-та на Evoque е присутна и продолжува во континуитет. Тој е градско возило – забавно за возење, но истовремено е сериозно теренско возило. Нивоата на префинетост и софистицираност, кои досега го карактеризираа претходниот модел, сега се подигнати на едно ниво повисоко. Може да се каже дека неговата надворешност е префинета еволуција, а неговиот внатрешен дизајн возбудлива револуција“, е цитат од обраќањето на Георгиевски.

За повеќе информации за новиот RangeRover Evoque, возилото кое нѐ воодушеви со својот изразен карактер и технологија за „стравопочит“, посетете го салонoт на „Аутомобили Груп“ или страницата macedonia.landrover.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here