23 април има симболично значење за светската литература, како датум на кој починале Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес (двајцата во 1616 година), а се родиле, на пример, Владимир Набоков и Морис Дрион. Како што официјално пишуваат од Обединетите нации, било „природен избор за УНЕСКО (Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН), на Генералната конференција во 1995, да го посвети 23 април како ден на книгите и авторите, охрабрувајќи секого, особено младите луѓе, да го откријат задоволството од читањето и да ја обноват почитта кон незаменливиот придонес на оние кои го помогнале општествениот и културен прогрес на човештвото. Со ова на ум, УНЕСКО го креирал Светскиот ден на книгата и на авторското право“.

По поводот, ќе споделиме, како препораки за читање, една листа од книжевни дела што нѐ вдахнале во последно време …

„Огнениот ангел“ на Валериј Брјусов (1908)

„Корекции“ на Џонатан Френцен (2001)

„Голем“ на Густав Мајринк (1914)

„Таму долу“ на Жорис-Карл Уисманс (1891)

„Елементарни честички“ на Мишел Уелбек (1998)

„Животот на инсектите“ на Виктор Пелевин (1993)

„Сино сало“ на Владимир Сорокин (1999)

„Исповедта на маската“ на Јукио Мишима (1949)

„Windows on the World“ на Фредерик Бегбеде (2003)

„Историја на убавината“ на Умберто Еко (2004)

„Книга за чајот“ на Какузо Окакура (1906)

„Омон Ра“ на Виктор Пелевин (1992)

„Срцето на Земјата“ на Светислав Басара (2004)

„Како да се биде сам“ на Џонатан Френцен (2002)

„Можноста на еден остров“ на Мишел Уелбек (2005)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here