Амбасадорот Пломп пред „Ноќната стража“

Националниот празник на Кралството Холандија – Денот на кралот (Koningsdag), што е всушност неговиот роденден – 27 април (овој датум се празнува од 2013 година, од кога на престолот е актуелниот монарх Вилем-Александар), во средата беше одбележан и во Скопје, во организација на Амбасадата на Холандија.

Тематски, настанот беше „обоен“ во духот на делата на големиот холандски мајстор и еден од најголемите сликари во историјата, Рембрант ван Рејн, од чија смрт годинава се навршуваат 350 години. За целта, ученици од Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн, „Лазар Личеноски“, насликале 15 репродукции на дела на Рембрант, што беа изложени на настанот, а главна ѕвезда во овој дел беше нашиот (на patem.mk; си дозволуваме да го наречеме „нашиот“ поради веќе трето гостување во наши содржини) Мишо Стојановски. Тој на лице место ги правеше завршните потези на неговата репродукција на рембрантовото „Жртвување на Исак“.

„Вечерва го славиме Рембрант, а преку неговите дела безвременската убавина на уметноста. Преку делата создадени од учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, ја славиме креативноста на младите луѓе, како и пријателските врски што ги поврзуваат народите на Холандија и Северна Македонија“, изјави амбасадорот на Холандија во земјава, Ваутер Пломп.

Следи галерија …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here