DeLorean Time Machine, „Back to the Future“

Минатата недела, во Petersen Automotive Museum во Лос Анџелес е отворена голема изложба – „Холивудски машини од соништата: возила од научната фантастика и фантазијата“ (Hollywood Dream Machines: Vehicles of Science Fiction and Fantasy), која вклучува повеќе од 50 возила од sci-fi филмови низ историјата, заедно со други реквизити и сувенири.

Изложбата ги истражува култните класични филмови и приказни што создадоа визии за фантастични футуристички светови, технологии, ликови и автомобили“, или, како што изјавиле од музејот за Gizmodo: „Оваа најголема изложба во нашата 25-годишна историја е ода на индустријата врз која е изграден(а) (фамата за) Лос Анџелес“.

Преку реквизити, дизајнерски цртежи и физички модели на иконичните возила, декларираната цел на Petersen Automotive Museum е да се долови поп културната визија за дистописките, утописките и научно-фантастичните светови.

Изложбата овозможува и тура во проширена реалност преку очилата Hololens на Microsoft, во која посетителите можат да го „искусат“ DeLorean од „Back to the Future“ и Warthog од „Halo“.

Меѓу возилата изложени во музејот се класики како Landspeeder од „Star Wars“ и живо обоениот Ford Ranger од „Jurassic Park“, но и не толку познатите Lexus Roadster од „Minority Report“ или полицискиот автомобил од „Back to the Future 2“ …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here