Тоа што Арја „го реши“ Ноќниот крал, а Еурон Грејџој значајно ги ослабе позициите на победниците од Северот убивајќи го змејот Регал на две епизоди пред да заврши „Играта на троновите“, не ги стесни многу опциите за тоа кој конечно ќе седне на Железниот престол за да ги возглави Седумте кралства.

Со свое мислење, како голем фан на серијата на HBO, се огласи и мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, кому, како што напиша на Твитер, „со години некои луѓе му велеле дека не знае да ги завршува приказните“.

„Јас им велам ‘булшит’ на тоа, но секој има право на свое мислење“, им одговара Кинг, откако открива дека очекува победник во играта за Железниот престол да биде Тајрон Ланистер (кој, патем речено, и нам ни е омилен лик, како и на авторот на чија „Песна за мраз и оган“ е адаптација серијата, Џорџ Р. Р. Мартин).

„Претпоставувам – само претпоставувам – дека Џон (Сноу) и Дени (Денерис Таргариен), ДВАЈЦАТА ќе умрат (заедно со Серси, секако) … дека одреден мал човек со големо срце ќе заврши со седнување на Железниот престол?“, е конкретниот „твит“ на американскиот бестселер писател.

На мислењето на друг фан на серијата, според кој „Санса Старк ќе ја убие Серси (Ланистер) со која има најмногу историја и омраза кон неа“, Кинг одговара: „Тоа би било добро, но човеку, Санса е ЛАДНА“.

Чекаме да видиме. Последните две епизоди излегуваат на 12, односно на 19 мај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here