Историчарот на графитите и урбаниот антрополог Roger Gastman, во 2017 година ги собори сите рекорди на Музејот на современата уметност во Лос Анџелес со изложбата „Уметноста на улиците“ (Art in the Streets), видена од 220 илјади посетители. Овој доверлив посредник меѓу андерграунд уметничките сцени и меинстрим културата е куратор и на изложбата што на 21 јуни е отворена во Њујорк – „’Преку’ улиците – Њујорк“ (Beyond The Streets – NYC), која дава екстензивен увид во работата на над 150 од најбитните уметници во светот кои творат на полето на графитите, уличната уметност … и beyond.

Овие најпродорни одбележувачи на времето во кое улиците се платна за апсолутно респектабилен уметнички израз (неретко ефикасни и во наметнувањето важни каузи во јавниот дискурс), на „Beyond The Streets – NYC“ се прикажани квалитативно и во обем без преседан – во прилог на второто зборуваат над 9-те илјади метри квадратни на кои е расположена изложбата.

Овде се подразбираат Cornbread (Darryl McCray), Daze (Chris Ellis), Lady Pink (Sandra Fabara), Shepard Fairey, Invader (Franck Slama), Jean-Michel Basquiat, Keith Haring, Takashi Murakami, Jenny Holzer, Futura 2000 (Leonard Hilton McGurr), Crash (John Matos) …

Според зборовите на кураторот Gastman, изложбата ја истражува фундаменталната човечка потреба за јавно себе-изразување, а во контекстот се акцентирани уметниците со корени во графитите и уличната уметност, чии дела еволуирале до високо дисциплинирани „ателјашки“ практики, заедно со важните културни феномени/фигури инспирирани од овие уметнички форми.

„Њујорк ги прослави графитите. Само погледнете ги возовите од седумдесеттите и осумдесеттите, што низ светот го рaширија едно од најголемите арт движења во историјата, што е старо веќе над 50 години … Но, ова не е историска изложба – не е за историјата на Њујорк или на Лос Анџелес; туку е голема изложба што вклучува уметници кои сега работат во ателјеа, а потекнале од улицата … Ова е најголемата изложба на улична уметност и графити кога и да е“, е изјава на Gastman.

Изложбата го вклучува американското деби на „Facing The Giant: 3 Decades of Dissent” на Shepard Fairey (најпознат по постерот „Hope“ од претседателската кампања на Барак Обама во 2008), специјалната инсталација на Beastie Boys со артефакти од плодната четиридецениска историја на бендот; потоа скулптури на Futura и Cleon Peterson, ѕид со труизмите на Jenny Holzer, соба со марионети (puppets) на Paul Insect и BAST, дела на Takashi Murakami, Guerrilla Girls …

Следи галерија …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here