На оние кои се на возраст за да не им биде егзотика, туку да ги прави носталгични естетиката на „Почудни нешта“ (Stranger Things) – серијата што е омаж на популарната култура од осумдесеттите (во полн ек е воодушевувањето од третата сезона), ќе им биде јасен концептот на уметникот Sheng Lam. Тој, имено, замислил како модерните интернет сервиси – Instagram, Spotify, YouTube, Facebook …, би изгледале кога би биле создадени во минатото, ‘аналогно’ време. Уредите на неговите допадливи илустрации немаат идентични имиња со споменатите сервиси, но не е тешко да се претпостави дека YooTube е YouTube, SoundKloud – SoundCloud, Netflex – Netflix, ниту да се сфати што е што. Twitter од пред-интернет ерата, односно Tweeter, е телеграфски апарат за праќање пораки со Морзеова азбука; Facebook, односно Phasebook е флопи диск драјв; YouTube=YooTube е VHS плеер (за помладите – кратенка за Video Home System); SoundCloud=SoundKloud е CD плеер; Instagram=Instogram е Polaroid камера (патем речено, во знак на третата сезона на гореспоменатата серија лансиран е Polaroid Originals OneStep 2: Stranger Things Edition инстант фотоапарат); Netflix=Netflex e кабаст CRT телевизор; Spotify=Potify е касетофон. Следи галерија …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here