Џеј и Тивкиот Боб (Jay and Silent Bob) одново се спремаат за напад на Холивуд во првиот трејлер од нивното „рестартирање“ – „Jay and Silent Bob Reboot“, од страна на, се разбира, Кевин Смит. Од трејлерот е јасно дека „рестартирањето“ ќе го следи ‘холивудоцентричниот’ заплет од „Џеј и Тивкиот Боб го возвраќаат ударот“ (Jay and Silent Bob Strike Back, 2001), со исклучок на тоа што иконичниот двоец сега дознава дека нивните стриповски „клонови“ (Bluntman and Chronic) добиваат нова филмска адаптација – или рибут, и оти во „Возвраќањето на ударот“ (Џеј и Боб) не успеале да го спречат снимањето ниту на првиот филм (базиран на стрипот), за кој ниту дале согласност, ниту биле платени. Патем дознаваат и дека Џеј (Џејсон Мјус) е татко, чија ќерка сака да го следи во Холивуд додека со Боб (Кевин Смит) се обидуваат да го спречат ‘рибутот’ …

„Jay and Silent Bob Reboot“ главно ќе ги заинтересира поклониците на култот почнат со „Продавачите“ (Clerks, 1994), но Кевин Смит и овојпат не пропуштил да привлече поширока публика давајќи им улоги на ѕвезди од видот на Бен Афлек, Крис Хемсворт, Росарио Довсон, Мет Дејмон, Џо Мангинело, Вал Килмер (меѓу оние што ги видовме во трејлерот).

„Ќе биде очигледна, откачена сатира што ќе ја исмее опсесијата на филмската индустрија за ребутување филмови, а одново очекувајте познати лица и врвна актерска постава со доста гости“, изјави Кевин Смит уште кога го најави новиот филм.

Почитта кон фандомот, Смит ќе ја изрази со тоа што филмот ќе има супер лимитирани проекции. На 15 октомври ќе биде прикажан во 600 американски кина со специјална видео порака од Џеј и Боб пред проекциите. На 17 истиот месец ќе биде дел од двојно прикажување заедно со „Возвраќањето на ударот“. На 20, пак, октомври, Кевин Смит и Џејсон Мјус ќе го почнат „патувачкото шоу“ со филмот по американски градови (The Jay and Silent Bob Reboot Roadshow).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here