Цртеж е многу повеќе од молив, јаглен, пастел … , на хартија – порачува изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“, што во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), а во рамките на Скопско лето, вчера беше отворена во Галеријата на НЛБ Банка во Скопје.

Тенденцијата на проектот (Цртеж – Експериментален цртеж) е да ги опфати (и) крајно радикалните отстапувања на уметниците од институционализираната претстава за цртежот, односно, да претстави дела во кои се надминуваат неговите „ограничувања“ и поврзаноста со хартијата како медиум.

„Почнувајќи од традиционалните форми на цртежот, вметнати како дел од современите концепти, па сé до критичкото претставување и проширување на дефиницијата за медиумот во релација со гестикулацијата и формата, современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање, вклучувајќи ги и соодветните радикални трансформации“, се зборови на кураторот на изложбата.

Како што на отворањето кажа претседателот на ДЛУМ, Филип Фидановски, изложбата е продажна (покрај легендата на секое дело е наведено колку чини), што ќе биде практика и на наредните проекти на Друштвото. Првпат беше доделена и парична награда на ваков настан – откупна (делото ќе остане во колекцијата на ДЛУМ), што ја доби Кирил Геговски, во висина од 100 евра; која, како што рече Фидановски, понатаму ќе расте, „како мотив плус за авторите да прикажат поквалитетни дела“.

На изложбата учествуваат над дваесет автори, членови на ДЛУМ, а во продолжение можете да погледнете некои од делата …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here