Bauhaus, Moses Adesanya

Илустрации на седум млади уметници се прилагодени за ‘кастомизација’ на новата верзија на првите ‘лајфстајл’ „воздушни“ патики на Nike, Air Max 270 (лансирани лани) – на што сега се додава React (што, пак, доаѓа од збогатувањето на патиките со „најмеката, најмазната и најеластична пена“ на брендот, Nike React). Секој од дизајните на ангажираните седуммина е инспириран од правците во уметноста од последниве 100 и нешто години („и нешто“ е за да се фати импресионизмот), и „слично како правците во уметноста, новите Air Max 270 React целосно ‘се даваат’ во верното одразување на стилот и експресијата на тој што ги носи“, стои во официјално соопштение од Nike.

На илустрацијата на лондончанецот Moses Adesanya, Баухаус инспирирана, испреплетени геометриски форми се избричени во косата на тилот на двајца луѓе, додека неговата сограѓанка по потекло од Панџаб, Jasmin Sehra, во пастелна палета ѝ оддала почит на италијанската Група Мемфис (Memphis) за дизајн и архитектура, основана од Ettore Sottsass (чиј голем колекционер бил David Bowie).

Британецот роден во Гана, Koby Martin, се одлучил за импресионизмот; за атмосферична сцена со гулаби кои летаат околу момче со ореол, а Air Max 270 React креацијата на Denzel Kessie е инспирирана од модерната од средината на минатиот век (MCM – Mid-century modern).

Родениот во Нигерија, растен во Италија, моментално со лондонска адреса, Kinglsey Nebechi, со двобоен пејзаж го реинтерпретирал меѓувоениот оптимизам на американските модернистички движења, а, исто лондончанецот, но по потекло од Намибија, HAM the Illustrator, прикажал екипа ликови ‘под дејство’, во чест на психоделијата.

Британката и со турски корени, Erin Aniker, се инспирирала оп артот, а во продолжение можете да ги погледнете илустрациите …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here