Неделава, додека била во Венеција, поранешната прва дама на САД, државна секретарка и сенаторка, Хилари Клинтон, посетила некои од изложбите на Венециското биенале, а на една ѝ посветила особено внимание.

„ХИЛАРИ: Имеиловите на Хилари Клинтон“ (HILLARY: The Hillary Clinton Emails) е изложба/презентација на ‘ризницата’ ‘протечени’ меилови на Клинтон, објавени од ВикиЛикс, кои за целта ги симнал и испечатил поетот Кенет Голдсмит.

Иако претставник на Хилари ги контактирал организаторите на изложбата пред нејзиното пристигнување, Голдсмит тврди дека посетата го изненадила, зашто мислел оти некој се шегува со него кога му го најавиле доаѓањето на ‘субјектот’ на неговиот проект.

Кенет Голдсмит

„Не верував додека таа не дојде“, изјавил уметникот за artnet News, додавајќи дека „никогаш во милион години“ не би претпоставил оти лично Хилари ќе ја посети неговата изложба.

Хилари Клинтон во вторникот се задржала цел час разгледувајќи ја изложбата, компетентно водена низ експонатите од страна на кураторскиот тим Франческо Урбано Рагаци.

Изложбата инаку вклучува реплика на „Резолут“ бирото од Овалната соба во Белата куќа, на кое посетителите можат да седнат и да ‘протрчаат’ низ шеесетината илјади страници мелови на Хилари. За разлика од сензационалистичките наслови од медиумскиот пречек на „протекувањето“, сопругата на поранешниот американски претседател оценила дека овие меилови „се многу здодевни“, зборувајќи со кураторите по посетата.

„Оваа изложба е уште еден доказ дека ништо погрешно или контроверзно нема во овие имеилови. Ги прави достапни за секого – дава можност секој да ги прочита“, изјавила Хилари Клинтон.

Фотографијата што Хилари Клинтон ја објавила на Твитер по посетата на изложбата. Со коментарот ‘ги поздравува’ републиканците (GOP е од нивното друго име: Големата стара партија = Grand Old Party)

„Ова е неверојатно. Го комплетира кругот, ја исполнува премисата. Скоро како изложбата да ја чекала неа (Клинтон). По нејзината посета, изложбата се претвори во главна изјава на Биеналето“, е пак изјава на Голдсмит, кој смета дека „ова е начин да се помири со реалноста трамповиот однос кон случајот. Скулптурата многу добро го прави тоа. Нема повеќе дезинформации еднаш кога ќе материјализираш нешто“.

Како што стои во експликацијата од кураторите на изложбата, „уметникот реагира на мешањето на приватните со јавните простори во ерата на масовната дигитализација“:

„Негова почетна точка е случајот, што пред точно десет години, неповратно ги промени поимите приватност и транспарентност, пропаганда и демократија во западната политика“. Понатаму од Франческо Урбано Рагаци потсетуваат дека во 2009 се појавија првите прашања околу приватниот сервер што Хилари Клинтон го користела за официјална (како државна секретарка, што беше од 2009 до 2013) меил комуникација, наместо да ги користи официјалните имеил акаунти на Стејт Департментот, на побезбедните државни сервери: „Иако американската сенаторка никогаш не беше инкриминирана или осудена за каков и да е криминал, оваа епизода секако придонесе за нејзиниот пораз – и за консквентнатата победа на Доналд Трамп – на претседателските избори во 2016“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here