Откако ќе го видите овој трејлер, тешко дека ќе одолеете да не го одгледате новиот филм во продукција на „МИ Филм“, што излегува наскоро. Загадочниот трејлер, за филмот со не помалку таинствено име, „ТМ“, почнува со огнометот од прогласувањето на независноста на Македонија, и понатаму ги реди по хронолошки ред сите битни ликови од политичката сцена на државата, кои се претопуваат еден во друг/едни во други, и до крајот (ни) ‘бајат’ една иста „мантра“.

По одличниот „Копање“, ова е втор долгометражен филм од „МИ Филм“, во режија на истиот двоец (од „Копање“): Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Жанрот на ова нивно второ независно остварување е документарна фикција (докуфикшн).

Мартин Иванов е и монтажер на „ТМ“, Атанас Велковски директор на фотографија, а улогите им се доверени на Ивица Димитријевиќ, Наталија Теодосиевa, Гораст Цветковски, Димитрија Доксевски, Александар Ѓорѓиески, Драгана Костадиновска, Срѓан Јаниќиевиќ, Кристијан Винклер, Џано Куч, Александар Степанулевски, Сашо Алексиевски, Марко Крстевски, Владица Младеновски – Грга, Андреј Георгиев и Раде Иванов.

Уживајте!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here