Тоа што „El Camino: A Breaking Bad Movie“ разочара (дури и такви фанови, какви што сме ние, ‘разоружани’ од многуто со што нѐ задолжила култната серија која ‘недоносено’ продолжи во споменатиот филм), не го попишманило отворањето на поп-ап (привремен) ресторан во Лос Анџелес, инспириран токму од животното дело на Винс Гилиган.

Можеби идејата и била токму тоа : ) – со вчера отворениот ресторан – „The Breaking Bad Experience“, брзо – пет дена по премиерата на „El Camino“ (која беше на 11 октомври), да се залечат раните на фановите од разочарувањето од филмот (барем на оние кои ќе се најдат во Лос Анџелес), со враќање во амбиентот на серијата. Ресторанот го нуди токму тоа – рекреирани се иконичните сценографии од сите пет сезони на „Breaking Bad“, а резервациите (со влезница што чини 30 долари, со вклучен тематски коктел или друг пијалок) може да се направат до јануари (2020).

Погледнете ја галеријата од „The Breaking Bad Experience“ …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here