На почетокот имаше вистински огледала.
Сѐ додека во „големиот салон“ не се изнапикаа тие што мислеа (и мислат!) дека затекнатите се глупави кога чекаат да им се каже: „Пријателе, премести се погоре!“ (види Лука 14,7)
Придојдените тогаш ги покрија сите вистински огледала во салонот, како во куќа на умрен (А, да. Имаше умрен(и) … покрај Достоинството); и се огледуваа само едни во други; секогаш раскикотени, меѓусебно одобрувајќи си.
Во таа нивна разузданост и размавнатост, случајно ја симнаа прекривката од едно од вистинските огледала.
Па, разбеснети (Зарем можеа да го видат разобличувањето?!), ги испокршија сите останати (вистински огледала).
И мислеа дека затоа ги следи вечна несреќа: 7 х 7 х 7 …
А, настрана суеверието, затоа и ги следи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here