На третото издание на конкурсот PAS (Premio AIMC Studenti = Студентска награда на AIMC, при што AIMC е акроним од Associazione Internazionale Mosaicisti Contemporanei = Меѓународна асоцијација на современи мозаичари), нашата Аница Китаноска ја освои втората награда; иако, сметаме дека нејзиното дело уверливо ја заслужува првата (погледнете, споредете, и уверете се сами – подолу се и првонаградениот и третонаградениот мозаик).

„Memory”, Аница Китаноска
(детал)

Конкурсот е соработка меѓу AIMC и ликовната академија во Равена (каде Китаноска е студент на втора година), а главна цел на PAS е да создаде интерес кај младите за учење на древниот јазик на мозаикот, и да ја стимулира нивната ‘мозаична’ креативност, поддржана од новите технологии и форми на изразување.

Вчера во равенската академија е отворена изложба со дела од конкурсот, а на настанот се доделени и наградите: првата за Анамарија Пекшиќ (Хрватска) со делото „Nude”, втората за Китаноска со извонредниот мозаик „Memory”, и третата за Luquet Sibylle (Франција) за „Triloba“.

„Nude”, Анамарија Пекшиќ
„Triloba“, Luquet Sibylle

Колективна изложба на победниците на PAS ќе се одржи догодина, во равенската галерија NiArt.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here