Францускиот режисер, Мишел Гондри, добитник на Оскар за најдобро оригинално сценарио – како еден од авторите на приказната за извонредниот филм што и го режираше, „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“ (2004), во најсвежо сеќавање ни е од супер-квалитетната серија „Kidding“ (иако добро ги паметиме и неговите „Human Nature“, „The Science of Sleep“, „Be Kind Rewind“). Со својот визионерски и иновативен пристап прилично награди има собрано и за музичките видеа што ги режирал (Björk, Daft Punk, Beck, Radiohead, The Chemical Brothers …), а реклами правел за Adidas, Nike, Air France, BMW, Fiat, Coca-Cola, Heineken…, но можеби најгледана му е онаа што за британскиот синџир стоковни куќи, John Lewis, ја направи за Божик 2017 -„Moz the Monster“.

За истиот празник годинава, Гондри сработил извонредна реклама и за HP (Hewlett-Packard), прилагодувајќи ја британската божикна песна – „Дванаесетте божикни денови“ (од Божик до Богојавление), за генерацијата опседната со екрани (особено на мобилни уреди).

Идејата за рекламата „Испечати ги празниците“ (Print the Holidays) поаѓа од фактот дека „луѓето ги користат нивните телефони постојано, изолирајќи се од светот“, објаснува Гондри во ‘задсценско’ видео; кој за целта на кампањата одлучил да го потенцира „контрастот што би се појавил кога луѓето би правеле различни активности во реалниот живот, користејќи го нивниот печатач“.

Во рекламата се промовира идејата дека печатачот го собира семејството; во смисла дека на него може да се испечатат шеми за оригами, за правење хартиени авиончиња, различни кутичиња, … со кои децата, родителите, бабите и дедовците …, ќе можат добро да се занимаваат, победувајќи ја ‘апстиненцијалната криза’ причинета од оставањето на нивните телефони за празниците.

Гондри, секако, не морал да користи податоци од истражувања за тоа колку многу време трошиме ‘на мобилен’, но, сепак, наодите на рекламната агенција која стои зад проектот, Goodby, Silverstein & Partners (GS&P), покажуваат дека просечно семејство поминува над 250 часа гледајќи во екрани во тек на празнични денови.

За да не се мачат оние што рекламата ќе ги ‘погоди’, HP во партнерство со уметници смислил активности за ‘во реалниот живот’, што траат доволно за да ги заменат овие 250 часа ‘зрачење од екран’. Се работи за ексклузивни стрипови на Адам Елис, оригинални боенки на Сара Бокачини Медоус, „Star Wars“ и „Frozen“ содржини од Disney, рецепти од AllRecipes.com, па, дури и хартиено авионче дизајнирано лично од Мишел Гондри – сите достапни за бесплатно симнување.

Уживајте:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here