Посета на само една изложба на уметност годишно, може да му додаде години на вашиот живот – тврди медицинска студија објавена деновиве во British Medical Journal.

За да ја истражат поврзаноста меѓу различните фреквенции на вклученост во активности на полето на уметноста, и смртноста, истражувачи од Лондонскиот универзитетски колеџ имале на располагање сериозна бројка партиципиенти; а имено 6.710 луѓе од Англија, на возраст од 50 години, па нагоре; за кои во тек на 14 години било евидентирано колку често одат во музеи, галерии; на изложби, театарски и оперски претстави, концерти …

И наод од студијата е дека дури и оние кои биле класифицирани како ретки посетувачи на културни настани (кои оделе само еднаш или двапати годишно), за 14% си го намалиле ризикот од рана смрт.

Колку почесто партиципиентите посетувале културни настани, толку тоа се покажало подобро во контекстот: кај оние кои биле вклучени во културно-уметнички активности пофреквентно (барем еднаш во неколку месеци или повеќе) ризикот од рана смрт бил намален за 31%, независно од демографските, социо-економските и други фактори.

Студијата е дел од бран понови истражувања што го поврзуваат консумирањето уметност со извесни здравствени бенефити. Во тек на декадава на изминување, студии спроведени во Данска и Британија покажале дека присуството на уметнички дела во болниците значи позадоволни пациенти, односно попозитивни здравствени резултати. Монтреалскиот Музеј на уметностите лани почнал и иницијатива во која доктори пропишувале посети на музеи за подобро здравје, преку канадскиот здравствен систем, што подразбирало бесплатен влез (во музеите) за пациентите и за лицата кои се грижат за нив.

„Активностите поврзани со уметноста се класифицирани како „мултимодални“ здравствени интервенции, зашто комбинираат повеќе психолошки, физички, социјални и бихевиористички фактори, со својствената естетска мотивација за ангажман. Во рамките на здравствените истражувања, ангажирањето со уметноста како мотив, може да се поврзе со долговечноста како фактор за ублажување на хроничниот стрес и депресијата, кој дава емоционални, когнитивни и социјални ресурси за поддршка на биолошките регулаторни системи и бихевиористички избори“, стои во текстот на студијата што можете да го прочитате овде

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here