Парискиот Музеј Орсе (Musée d’Orsay), со нов проект на Instagram, ја зголемува ‘видливоста’/интересот за уметниците од својата колекција без конкуренција, импресионисти и постимпресионисти (Моне, Мане, Дега, Реноар, Сезан, Гоген, Ван Гог …). За целта е ангажиран илустраторот Жан-Филип Делом (Jean-Philippe Delhomme), како прв резидентен Instagram уметник на музејот, чија работа е на профилот на Орсе секој понеделник годинава да постира илустрација што ќе прикаже уметник од музејската колекција, на начин како да е жив/да изложува денес.

Првиот цртеж на Делом, објавен на наш Бадник (6-ти јануари), претпоставува дека профил на популарната платформа за споделување фотографии/слики има и Жорис-Карл Уисманс (1848-1907), францускиот писател (најтопло ги препорачуваме неговите романи „Наспроти“ (À rebours) и „Таму долу“ (Là-bas)) и ликовен критичар – еден од првите кој посочил на вредностите на импресионистичкото сликарство. Усиманс на својот профил кобајаги постирал свој портрет, што наводно му го направил сликарот Жан-Луј Форен (импресионистот навистина му направил портрет на писателот во 1878, а кој се наоѓа токму во колекцијата на Музејот Орсо).

Портретот на Уисманс од Жан-Луј Форен

„Ти благодарам @JL.Forain за мојот портрет“, напишал @JK.Huysmans покрај објавената слика, која е ‘лајкувана’ од @degas (Едгар Дега) и 14 други. (во Музејот Орсе, инаку, во тек е изложбата „Уисманс, ликовниот критичар“)

„Целта е да ѝ ги приближиме на публиката овие уметници од втората половина на 19-тиот век, преку нивно вклучување во денешните интеракции. Не ги осквернуваме делата, туку привлекуваме внимание на некои посебни моменти во биографиите на уметниците, на прашањата на новото во нивното сликарство, и преку современи коментари, фиктивни или не, сакаме да предизвикаме привлечност или одбивност“, е изјава дадена за Le Figaro, на директорката на Музејот Орсе, Лоренс де Кар (Laurence des Cars).

Што се однесува до самиот резидентен Instagram уметник на Орсе, Жан-Филип Делом; тој проектот го третира како екстензија на неговата книга, „Инстаграмите на уметниците: никогаш видени инстаграми на најголемите уметници“, објавена лани; каде тој го замислува Instagram ‘поведението’, на пример, на Мондријан, (@mondrian.piet), кој се фали со правоаголноста на неговата нова IKEA кујна, што почнал да ја ‘фарба’ …

Од замислениот Instagram профил на Мондријан

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here