Купувањето уметност, јасно, е запрено од ширењето на коронавирусот на кое сѐ уште не му се гледа крајот, но затоа заедно со пандемијата се шири ‘бизнисот’ на добивање кредити со гаранција во слики од Пикасо, Ворхол, Баскијат …, пишува Bloomberg.

Причините се што ова, во услови на евидентен финансиски ризик, е привлечно и за банките и за клиентите, зашто вреднувањето на уметничките дела не е нужно поврзано со цените на акциите.

Минатиот понеделник, клиент од Њујорк, на компанијата што нуди услуги на финансиски консалтинг поврзан со пазарот за уметност, Fine Art Group, побарал кредит од 10 милиони долари, ставајќи под хипотека слика на Жан-Мишел Баскијат.

„Веќе имавме интензивно работно прво тромесечие, но последниве две недели имаме околу двојно зголемен раст на барањата од овој вид“, е изјава од Fine Art Group. А и Bank of America добивала сѐ повеќе барања од колекционери кои сакаат да ги пренесат долговите – од кредитите за кои гаранцијата се средства чии цени се менуваат дневно – со уметност, а со цел намалување на ризикот.

Кредитите за кои банките прифаќаат уметност како обезбедување скокнале за 40% од 2016, до 21 милијарда долари глобално, според Art & Finance извештајот на Deloitte од 2019 година, а од Fine Art Group велат дека многу колекционери кои бараат кредити за ликвидност сѐ уште не се свесни дека финансирањето базирано на уметност им нуди брз пат до капитал.

Иако, заемодавачите сега ја проценуваат уметноста на помала вредност од реалната. Од њујоршката компанија Artemus, која дава уметност под закуп (на лизинг), и моментално нуди кредити во висина до најмногу 40% од вредноста на уметноста која се дава како гаранција, проценуваат дека падот на проценките (на вредноста) на делата изнесува од 20% до 30% последниов месец. На клиентите (кои во вакви услови од оваа компанија бараат кредити од 1 до 4 милиони долари), од Artemus им порачуваат да размислат, дали „кога светот колабира, и цената на уметноста не треба да оди надолу?“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here