Фотографија: Кире Галевски

Неподеленото мислење за актерот Владо Јовановски како владетел на сцените – театарски, филмски, телевизиски, може да се оспорува само тенденциозно. Ние, пак, намерно нема да премолчиме дека добро познавајќи го и лично, го препознаваме по човештината = љубовта; по себедавањето без задршка и без гард; што кога ќе ни се обрати со „брат“ ја чувствуваме полнотата на значењето; на љубовта како единствен пат до вистината, кој ја прегазува и смртта, и продолжува …

На Владо му се јавивме да го прашаме како е, како ја поминува изолацијата со неговото големо и прекрасно семејство; и да побараме да ни препорача наслови за гледање и читање.

„Владо“ (2005), Атанас Ботев

И од разговорот веднаш ќе ја пренесеме нему најубавата филмска реплика, од филмот „Животот е убав“ (La vita è bella) на Роберто Бенињи, а за која смета дека е особено податлива за ситуацијава:

„Во форма на гатанка е. ‘Што е тоа, кое кога ќе го изговориме не постои? Тишината.’ Ова што ни се случува сега, е исцелување на природата; нејзино враќање на здрава фреквенција. И ако успееме да ја чуеме оваа тишина, таму се сите одговори.“

И од филмовите и книгите што ни ги препорача Владо, забележливо е дека функционираат како одговори во оваа смисла, или, барем како чувствителни чкрапала за битни прашања …

Еве ги 10-те филмови во избор на Владо Јовановски:

„Андреј Рубљов“ (Андрей Рублёв) на Андреј Тарковски

„Модерни времиња“ (Modern Times) на Чарли Чаплин

„Сладок живот“ (La dolce vita) на Федерико Фелини

„Мое слатко мало село“ (Vesničko má středisková) на Јиржи Менцел

„Пеколен портокал“ (A Clockwork Orange) на Стенли Кјубрик

„Дискретниот шарм на буржоазијата“ (Le Charme discret de la bourgeoisie) на Луис Буњуел

„Рашомон“ (Rashōmon) на Акира Куросава

„Чудо во Милано“ (Miracolo a Milano) на Виторио де Сика

„Животот на другите“ (Das Leben der Anderen) на Флоријан Хенкел

„Кум“ (The Godfather) на Френсис Форд Копола

… и 10-те книги во избор на Владо Јовановски:

„Несвети, а свети“ на епископ Тихон Шевкунов

„Лајка“ на Адријан Алуј Георге

„Приказни од временската јамка“ на Дејвид Ајк

„Дванаесетта планета“ на Зехарија Сичин

„Бесови“ на Ф.М. Достоевски

„Злосторство и казна“ на Ф.М. Достоевски

„Целестинско пророштво“ на Џејмс Редфилд

„Нација во подем“ на Ден Сенор/Сол Сингер

„Младина без Бог“ на Еден фон Хорват

Свето Писмо – Нов Завет

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here