На кураторите на Јоркширскиот музеј (од Јорк, Англија), додека ‘копале’ низ архивите на институцијата за да си ја ‘убијат’ здодевноста дури музејот им е затворен за посети, им текнало како да го привлечат/задржат вниманието на публиката, барем онлајн. Имено, нашле нешта од кои произлегла идејата да ги предизвикаат музеите низ светот да објавуваат слики од „најморничавите предмети“ во нивните колекции, а за почеток, под хаштагот #CreepiestObject, објавиле слика од стуткана маса коса, што всушност е пунџа отсечена на погребот на римска госпоѓа од 3-4 век. Сликата е придружена со текстот – „Можете ли да го победите ова?“.
Првиот одговор на предизвикот дошол од Националниот музеј на Шкотска, со морничава слика на „сирена“; при што се работи за таканаречената „Фиџи сирена“, склопена од опашка на риба, и торзо и глава на мајмун. Во кампањата што трае на Twitter под хаштагот #CuratorBattle, досега се изредиле повеќе теми (за натпревар, од видот на „најморничав предмет“), а интерес пројавиле и музеи од форматот на Ермитаж или на Германскиот историски музеј од Берлин.
Ви пренесуваме некои од најуспешните егземплари:
Пунџата од Јоркширскиот музеј „Фиџи сирена“ склопена од опашка на риба, и торзо и глава на мајмун Скулптура на уметникот Кери Џејмсон – отсечена нога на која ѝ никнуваат нозе, а веќе има ѕверска глава Перниче за игли „украсено“ со детски глави ‘Проколната’ детска играчка Гитара што ја раскажува приказната за продавањето на душата на ѓаволот, за слава (како во легендата за Роберт Џонсон) Кукла со две лица Восочна фигура – манекен, со сплескан нос (поради долго стоење во складиште, свртена со лицето кон подот) Препарирана риба Мола (mola mola) Маска за заштита од зараза (17-18 век)