Неодамна го претставивме одличниот стрип-албум „Совршено христијанство со несовршени христијани“, чија ‘константа’ низ 20-те кратки стрипови е сценаристот, извесен Анте Попа. Деновиве добивме уште две кратки дози нацртани по проникливото перо на споменатиот, кои не можевме да одолееме да не ги споделиме.

Во едниот краток стрип се спротиставени ‘боговиденијата’ на двајца познати православни интелектуалци (лесно се препознаваат) и на еден ‘прост’ нов Натанаил.

Во другиот Анте Попа маестрално ја исцрпува темата за тесногледите сведувања на форма на православниот духовен живот.

Во привиот случај цртежот го потпишува Хенри, а во вториот Милан Младиќ.

Уживајте …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here