Пред неколку дена случајно, вртејќи по ТВ-каналите, налетавме на култниот југословенски филм од 1984-та, „Давител против давител“, на Слободан Шијан. Го одгледавме одново после долги години, со истата фасцинација како во нашата ‘детска’ возраст.

И се сложивме со критиката на српскиот експерт за жанрот хорор, Дејан Огњановиќ, кој помалиот успех на овој филм во однос на претходните остварувања на Шијан (како „Кој тоа таму пее?“ и „Маратонците го трчаат почесниот круг“) го објаснува со „урбаниот аспект (на филмот) што кореспондирал со помал дел од тогашната српска публика (веројатно со уште помал од денешната на просторите на поранешна Југославија, н.з.), а на гледаноста никако не ѝ потпомогнале бројните филмски конотации и алузии, како и за оваа средина премногу ‘поместеното’ ниво на стилизација и жанровска персифлажа.“

Како и да е, навраќањето на „Давител против давител“ нѐ инспирираше да се сетиме на уште куп одлични филмови од поранешна Југославија, од кои првите десет на кои ни текна ги наведуваме во продолжение: повозрасните веруваме дека со задоволство одново би ги одгледале, а на заинтересираните помлади може да им бидат почетна точка за натамошно истражување.

Повелете …


„Вариола вера“

(1982)

на Горан Марковиќ

„Веќе видено“

(Већ виђено) (1987)

на Горан Марковиќ

„Давител против давител“

(Давитељ против давитеља) (1984)

на Слободан Шијан

„Кој тоа таму пее?“

(Ко то тамо пева?) (1980)

на Слободан Шијан

„Среќна Нова ’49“

(1986)

на Столе Попов

„Тетовирање“

(1991)

на Столе Попов

„Се сеќаваш ли на Доли Бел?“

(Сјећаш ли се Доли Бел?) (1981)

на Емир Кустурица

„Засега без добар наслов“

(За сада без доброг наслова) (1988)

на Срѓан Карановиќ

„Балкански шпион“

(Балкански шпијун) (1984)

на Душан Ковачевиќ / Божидар Николиќ

„Момче кое ветува“

(Дечко који обећава) (1981)

на Милош Радивојевиќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here