Пишува Александра Ристески

Во морето одлични актери, денес кога филмската индустрија стана таква машина која што речиси не толерира просек, се одлучив за оние чија што изведба ме натерала да потскокнам од столче. Не можев да не забележам дека листата делумно ми се изменила од пред само 10 години, па така на неа не се најдоа, овојпат, Роберт Дауни Џуниор, Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Драган Николиќ, и т. н.

Дел се останати исти, уште од школските денови, кога ќе прочитав за некој(а) актер(ка) во магазинот „Новела филм“, чии броеви татко ми уредно ги имаше укоричено во 3 големи, дебели книги; и веднаш итав до видеотеката „Банџо“, да го изнајмам филмот за кој што читав.

И, на високото прво место на листата е …

Mads Mikkelsen

„Hannibal“

Javier Bardem

„No Country for Old Men“

Steve Buscemi

„Reservoir Dogs“

Sean Penn

„This Must Be the Place“

Joaquin Phoenix

„Joker“ – библија

„Walk the Line“ – подобар од самиот Johnny Cash

Bryan Cranston

„Breaking Bad“

Paul Newman

„Cat on a Hot Tin Roof“

Ewan McGregor

„Trainspotting“

Christoph Waltz

„Inglourious Basterds“

Christopher Walken

„The Deer Hunter“


А ова би била кратката листа кога би избирала актери од просторите на поранешна Југославија:

Ацо Јовановски – Снагата („Жед“), Стево Жигон („Мементо“), Александар Берчек („Јужни ветар“), Славко Штимац („Sjećaš li se Dolly Bell?“), Марко Николиќ („Бољи живот“), Срѓан „Жика“ Тодоровиќ („Црна мачка, бели мачор“) и Душко Костовски („Скопски сновиденија“) – нашиот прв комшија, чии што приказни и мудрости имав можност да ги уживам и во живо додека си муабетеа со дедо ми; и кој ми беше фасцинатен од првиот пат кога го видов на театарските штици, па во секој нареден филм, претстава …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here