„Скопје е расадник на стрип таленти, докажуваат и денешните млади, меѓу наградените автори“, порача координаторот на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, Томе Трајков, говорејќи во церемонијалниот дел на вчеравечер отворената изложба – стрип фестивалот „Скопска стрип акција 2021“, финансиран од страна на Град Скопје, а што е „сепаратен дел од конкурсот на меѓународниот салон во организација на Центарот“.

Настанот се одржа во Културно-социјалниот простор „Центар–Јадро“, каде може и да ја видите изложбата од наградените дела на стрип конкурсот на ниво на Скопје, а на чии автори вчеравечер им беа доделени дипломи и пригодни скромни награди.

Првото место, за најдобар стрип во целина, му припадна на стрипот „Сѐ додека има принцови спремни да ја бакнат“, на Александра и Максим Ристески.

Второто место (за стрип во целина) на Евгенија Трајковска за стрипот „Живот, смрт, а потоа?!“.

Третото место (за стрип во целина) го делат Јана Илиевска за стрипот „Тајните на езерото“ и Мартина Величковска за стрипот „Во пеколот“.

Награда за најдобар цртеж доби Ана Марија Стефаноска за стрипот „Ангелите не умираат“, а за најдобро сценарио (порака), Јана Бутеска за стрипот „Прикриената солза“. За алтернативен уметнички израз наградена е Ангела Петрушевска за стрипот „Приказна за животот и смртта“.

Награда за највозрасен учесник доби Тоде Блажески за стрипот „Политичарче“;

за најдобар автор до 18-годишна возраст Тамара Мишовска за стрипот „Калинки“; а за најмлад учесник Василиса Радева за стрипот „Пилињата од Фламенго“.

За најдобар дебитантски стрип наградена е Марија Ристујчин за стрипот „Кој чука на вратата?“, а дипломи за учество добија Душица Димитровска (вон конкуренција) за стрипот „Пеперутка“ и Каја Домазетовска која извршила компјутерската изработка на стриповите на Василиса Радева и Марија Ристујчин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here